Азербејџанскиот авион „Миг-29“ падна на Каспиското Море, а пилотот исчезна, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

Во тек е истрага и се трага по пилотот. Исто така, формирана е комисија за истражување на овој случај.

Според досега достапните информации, пилотот одеднаш исчезнал од комуникацискиот систем за време на тренажниот лет во десет часот навечер, по локално време.

– На 24 јули, околу 22 часот, авионот „Миг-29“ на азербејџанските воздухопловните сили, кој беше на тренажен лет, одеднаш исчезна од радарот. Според прелиминарните резултати од истрагата, авионот се урнал и паднал во морето – соопшти азербејџанската армија.