Виктор Орбан

Во последните осум години, премиерот на Унгарија Виктор Орбан константно ги користеше инструментите на демократијата во негова корист. Промената на Уставот за да ја засили позицијата на својата партија, преземањето на државните медиуми, мигрантските политики и силниот притисок врз Централниот Европски Универзитет да ја напушти Унгарија се само дел чекорите кои ги презема тој и неговата десничарска влада, констатира „Њујорк тајмс“.

Во 2011 година во Унгарија беше изгласан закон кој ги ограничува медиумите, а јавниот сервис беше една од главните цели на Владата и целосно преземање на контролата од нивна страна. Од тогаш до денес, партијата на Орбан победи на три последователни избори само поради тоа што опозицијата во земјата не успеа да се обедини и да понуди подобра алтернатива, пишува „Гардијан“.

Голем број на Унгарци сè уште чекаат да се појави „спасител“ од странство, а премиерот Орбан е притиснат од политичарите и институциите на ЕУ. Помошта што ја чекаат Унгарците не дојде ниту од германската канцеларка Ангела Меркел, која во минатото беше најголем противник на мигрантските политики на унгарскиот претседател. За Орбан, солидарност за Европа значеше подигање на гранични огради, а за Меркел дозволување на азил на сите што ќе побараат. Сега, соработката меѓу двата политичари е на ниско ниво и според пишувањата на „Гардијан“, канцеларката на Германија одлучила да го сврти погледот на страна и всушност да го толерира отфрлањето на демократијата во Унгарија.

Економските фактори играат голема улога во односите на Унгарија и Германија, а токму германските производители на автомобили сметаат на политичка стабилност и добри билатерални односи меѓу земјите за тие да можат да одржуваат профитабилни бизниси. Еден од главните проблеми за германските фабрики во Унгарија е големиот недостаток на работници поради високите стапки на емиграција на Унгарците. Решението на Орбан: нов закон кој дозволува работодавците да бараат од вработените до 400 часови прекувремена работа во тек на една година. Оваа одлука и т.н. „робовладетелски“ закон на Владата повторно ги предизвика луѓето на крајот на декември минатата година да излезат на улиците и да протестираат против донесените мерки.

Протестите против „робовладетелскиот“ закон на унгарската влада

Минатата недела Европскиот парламент повторно дискутираше за ситуацијата во Унгарија, главно поради протестите и овој „робовладетелски“ закон. Претставниците на унгарската Влада ја прескокнаа оваа седница, истото го стори и претседателот Орбан. Министерот за надворешни работи на Унгарија пак, Петер Сијарто дебатата ја нарече политички трик пред Европските избори во мај оваа година.

– Очигледно е дека сите важни „играчи“ знаат на кои бизниси и политички интереси Обран може да се повика за да се заштити себеси од озбилните критики. Како резултат на тоа, тој може да проджи да се претставува себеси како држечкиот столб на европските популисти на континентот пред изборите за Европскиот парламент за неколку месеци, промовирајќи ја самопрогласената „нелиберална демократија“. Луѓето неколку недели протестираат на екстремно ниски температури со надеж дека Орбан ќе се сноси со последиците, а досега тоа не се случи – заклучуваат од британски „Гардијан“. П.С.