Името на плоштадот „Никола Тесла“ е прогласено со прокламацијата врачена на 13 јануари на директорот на српското училиште „Никола Тесла“ во канадскиот град Нијагара, Борислав Живковиќ, и на претставникот на канадскиот технички музеј, Немања Јеремовиќ.

Во прокламацијата се истакнува дека Никола Тесла со своите пронајдоци иницирал технолошки напредок, а токму во Нијагара се случил тој голем чекор за човештвото на крајот на 19 век со изградбата на првата хидроцентрала според моделот на полифазниот систем на Тесла.

Денес речиси целата електрична енергија во светот се произведува по овој принцип.