Пожарот кој брзо се шири јужно од езерото Тахо во Калифорнија во западниот дел на САД, го пресече автопатот, поради што беа издадени нови наредби за евакуација на населението а денешната велосипедска трка низ Сиера Невада беше одложена.

Пожарот кој беше предизвикан од удар на гром на 4 јули, се прошири на 82 квадратни километри и продолжува да се шири кон националниот парк Хумболд-Тојабе, пренесуваат агенциите.

Во известувањето објавено на локална веб-страница се вели дека неколку заедници во областа веќе се евакуирани и дека на возачите им е наредено да не се движат во областа.

Големите пожари во јужниот дел на Орегон, исто така, продолжуваат да се разгоруваат поради сувиот воздух и силен ветер, соопштија метеоролозите.

Пожарникарите мораа да ги напуштат своите позиции поради опасен „огнен облак“, кој им се закануваше на екипите на теренот со силни удари на топол воздух исполнет со топлина.

Пожарот уништи 67 куќи и 117 земјоделски објекти во една област, а властите сè уште немаат конечни податоци за штетите и загубите во соседниот кварт, каде пожарот се шири до шест километри секој ден.

Евакуирани се околу 2.000 луѓе, а загрозени се околу 5.000 згради, вклучувајќи приватни куќи и други помали згради во рурална област северно од границата со Калифорнија, потврди претставничката на противпожарната служба, Холи Краке.

Пожарот во Бутлег сега зафаќа 976 квадратни километри, што е поголемо од подрачјето на Њујорк и во голема мера е надвор од контрола, пишуваат медиумите.