Медицинска сестра која работи во Вухан и побарала да остане анонимна, за Си-ен-ен изјавила дека болниците во градот се преполни и се на крајот со залихите од медицински материјали и кревети. Таа исто така рекла дека има премалку заштитни костуми и дека на крајот на денот, медицинскиот персонал го дезинфицира оние што веќе ги носеле за да ги облечат и следното утро.

Околу 30 од 500 лица медицински персонал во нејзината болница се заразиле со корнавирус, вклучувајќи ја и неа и биле ставени во карантин во нивните домови, .

„Да, болниците не можат да сместат многу луѓе, но нема смисол да се обвинуваат медицинските сестри за тоа. Едноставно, нема кревети, потребна опрема. Што да правиме, не можеме да ги лекуваме пациентите со голи раце – рекла таа.

Вирусот се прошири во сите кинески региони, низ делови на Азија, како и во Европа и САД. Инфицирани се повеќе од 9.700 луѓе и умреа над 200. Вухан се наоѓа во своевиден карантин и скоро е целосно изолиран од останатиот свет, јавува Си-ен-ен.

Многу Кинези се охрабрени од веста која ја соопштија властите дека вирусот може да се спречи и контролира.