Фото: Илустрација

Израел и милитантите во појасот Газа ги интензивираа меѓусебните напади, во една од најсилните размени на воздушни напади и бомбардирања во изминатите години, јавува Би-би-си.

Палестинските милитанти испукаа повеќе од 430 ракети на израелска територија од вчера. Официјални извори од Израел велат дека поголемиот дел од ракетите се пресретнати, но сепак еден човек загинал во нападите.

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) пак информираа дека погодиле околку 200 цели во појасот газа во текот на овој викенд. Палестинците посочија дека четри лица загинале во нападите.

Денес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека и наредил на војската на продолжи со интензивните напади на терористичките елементи во појасот Газа.

Влошувањето на безбедносната состојба се случува и покрај тоа што двете страни договорија примирје минатиот месец. Египет и Обединетите нации (ОН) неодамна се обидеа да посредат долгорочен прекин на огнот, но неуспешно.