Британската полиција изврши контролирана експлозија на сомнителниот пакет, што беше пронајден во близина на Министерството за одбрана, северно од Парламент.

Поради сомнителниот пакет полицијата ги блокира улиците во реонот, а на местото на инцидентот пристигнаа возила на брзата помош, како и пожарникари.

– Полицијата беше алармирана за сомнителниот пакет во „Имбанкмент гарденс“ во 15 часот и 40 минути (по локално време), соопшти Скотланд јард.

Во март минатата година 52-годишен Британец, кој премина во ислам, прегази пешаци на мостот Вестминстр, при што загинаа пет лица, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Напаѓачот беше убиен од полицијата.

Неколку месеци подоцна, во август Британец со суданско потекло изведе сличен напад со автомобил во близина на британскиот Парламент, при што беа повредени три лица. Напаѓачот беше уапсен и е обвинет за убиство.