Осомничениот за нападот во калифорнискиот град Гилрој е убиен, потврди локалниот полициски началник Скот Смити.

Три лица загинаа и 15 беа ранети во нападот што се случи на најголемиот фестивал на храна. Според очевидци, во нападот учествувало уште едно лице, но засега не е јасно дали и тој пукал.