Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него.

Нетанјаху во јавно обраќање порача дека ќе продолжи да го води Израел. Тој рече дека обвинението произлегува од лажни обвинувања и систематски опструирани истраги, пренесува АП.

Нетанјаху се обрати до јавноста откако обвинителот поднесе обвиненија против него за мито, кршење на довербата и измама. Ако биде осуден за примање поткуп, ќе се соочи со затворска казна до десет години и со максимум три години затвор за измама и кршење на довербата.