Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе почне да го проширува суверенитетот на Израел над Западниот Брег ако повторно стане премиер по претстојните избори. Меѓутоа, останува нејасно дали шефот на израелската влада алудира на целиот Западен Брег, или само на негови делови.

– Палестинската држава ќе ја загрози нашата егзистенција и ја претрпев голем притисок во изминатите осум години, ниту еден премиер не би можел да издржи таков притисок. Мораме да ја контролираме нашата судбина – порача Нетанјаху.

Тој исто така се пофали дека е заслужен за тоа што американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша декларацијата за признавањето на суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина. Нетанјаху исто така порача дека нема да го подели Ерусалим и оти нема да евакуира ниту една заедница.

На Западниот Брег живеат повеќе од 400.000 еврејски доселеници, помеѓу 2,7 милиони Палестинци, како и уште 200.000 Евреи во источен Ерусалим.