Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека распоредува „многу опасно оружје“ во Сирија, со цел да го уништи Израел.

– Иран отворено секојдневно повикува Израел да биде збришан од земјата – нагласи Нетанјаху, кој во Никозија денеска имаше средба со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Нетанјаху го обвини Иран дека сака да отвори свои поморски база во Сирија и да стационира подморници во Средозменото Море.