Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека кампањата против палестинските милитанти во Појасот Газа ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на Израелците кои живеат на југот на земјата по интензивната размена на ракетен оган меѓу двете страни во текот на викендот, пренесува „Тајмс оф Израел“

-Во изминатите два дена со голема сила ги нападнавме Хамас и Исламски џихад, погодивме над 350 цели, нападнавме терористички лидери и оперативци и ги уништувавме терористичките градби, а кампањата не е завршена и бараме трпеливост и мудрост. Подготвеи сме да продолжиме. Целта беше и останува да се обезбеди мир и безбедност за жителите на југот- рече Нетанјаху.

Претходно денеска медиумите објавија дека Палестинската управа и Израел постигнале договор за прекин на огнот кој требаше да започне утрово, но Тел Авив не коментираше за веродостојноста на извештајот. Сепак, израелските одбранбени сили соопштија дека безбедносните ограничувања во јужните делови на земјата биле укинати.

Според извештаите во медиумите, во меѓусебните ракетни напади загинаа четири Израелци и најмалку 25 Палестинци.

Тензиите меѓу Израел и енклавата ескалираа на 4 мај кога стотици ракети беа испукани во правец на Израел од Појасот Газа, поради што израелската војска се одмазди. Израелските одбранбени сили подоцна информираа дека во изминативе 48 часа од Газа биле лансирани вкупно 690 ракети, под кои 240 биле пресретнати од системите за воздушна одбрана.