Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека „секојдневно“ извршува кибер напади врз Израел.

– Иранските кибер-напади се вршат секој ден, ги следиме, ги гледаме и секогаш сме измамени, изјави Нетанјаху на меѓународната конференција за кибер-технологија во Тел Авив.

Тој на почетокот на месецот рече дека неговата земја е подготвена за секое сценарио, по информациите за евентуална странска кибер интервенција за време на израелските парламентарни избори на 9 април.

Нетанјаху спомена други закани од Иран, големиот израелски непријател, и укажа дека Иран упатил закана кон Израел во последните 24 часа, тврдејќи дека може да го уништи и дека ракетите се насочени кон неговите градови.

Минатата недела Израел изврши напад, како што наведе, врз иранските цели во Сирија. Израел веќе спроведе стотици воздушни напади во Сирија, наведувајќи дека целта на иранската испорака на оружје е наменета за Хезболах.