Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел во претходните 36 часа напаѓал цели во Сирија.

– Во претходните 36 часа израелското Воено воздухопловство напаѓаше цели во Сирија. Израелските сили напаѓаа цели на иранското движење Хезболах. Овие напади потврдуваат дека одлучивме да дејствуваме против Иран во Сирија – нагласи Нетанјаху.

Синоќа сириските власти испратија писмо до Советот за безбедност на ОН во кое бараат да се осудат ракетните напади кои Израел ги спроведува во Дамаск.