Германското обвинителство нема информации зошто 48-годишниот маж прегази луѓе со комбе во западниот германски град Минстер.

Човекот, вчера уби две лица и повреди 20, потоа се застрелал во возилото.

– Засега немаме индиции за причините за делото – изјави обвинителот Мартин Боценхарт во заедничка писмена изјава со полицијата.

Властите ги идентификуваа двете жртви како 51-годишна жена и 65-годишен маж.

Според локалните медиуми, сторителот бил Германец кој живеел во Минстер и кој страдал од ментални нарушувања.

Засега нема официјална полициска поптврда за ваквите информации.