Германската разузнавачка агенција за јавноста откри дека мрежа на неонацисти креирале листа на политички противници и нарачале 200 кеси за транспорт на починати лица, како подготовка за потенцијален колапс на државниот поредок наречен „Денот икс“, пренесува „Дојче веле“.

Повеќе од 30 лица кои се нарекуваат „Нордкројц“ (Северен Крст) биле поврзани со германската полиција и војска, вклучувајќи и неколку поранешни и еден активен член на елитна безбедносна служба на државната полиција во регионот Мекленбург Вестерн-Помераниа.

Поголемиот дел од членовите на групата биле обучени за воени дејствија, а имале пристап и до оружје и муниција. Германските служби веруваат дека групата, која најчесто комуницирала преку интернет, интензивно се подготвувала за „Денот икс“, но и дека користела податоци од полициски компјутери од кои искористиле дури 25 илјади имиња и адреси.

Поголемиот дел од луѓето на листата се локални политичари од Германија, христијански демократи, социјал-демократи, зелени и левичари. Сите политичари се сметаат за подржувачи на про-мигрантските политики.

Слична група беше откриена пред две години во истата сојузна држава, но засега нема информации дали таа е проширена на национално ниво, завршуваат од „Дојче веле“.