Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство.

Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да се пробијат до главниот парк, јави телевизијата РТЕ.

Неколку лица се уапсени. Владата го осуди насилството.

– Нема оправдување за насилство врз полицијата или било кој – оцени вицепремиерот Лео Варадкар.

Ирската влада неодамна објави дека ќе го продолжи најстрогиот карантин до 5 април, иако училиштата постепено ќе се отвораат од понеделник.