Во немири со силите за безбедност во Багдад, убиени се најмалку двајца демонстранти, а 105 се повредени денеска кога кон антивладините протести се приклучија илјада студенти и ученици.

Меѓу повредените се и 17 студенти, пренесе „АП“.

Владата претходно им наложи на училиштата и универзитетите да работат нормално, а воведен е и полициски час од полноќ до шест часот наутро.

Над 200 лица загинаа во протести што се случија овој месец.