Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи, САД. Како што јавуваат медиумите, мал двомоторен авион од типот „Кинг Ер“ се урнал во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху, по што се запалил и во потполност изгорел.

Министерство за транспорт во Хаваи потврди дека загинале сите девет патници и членови на екипажот.