Повеќе луѓе се повредени во напади со нож, во раните утрински часови во Бирмингем, централна Англија, соопшти полицијата утрово.

– Можеме да потврдиме дека половина час по полноќ бевме повикани за напад со нож во центарот на Бирмингем. Одговоривме веднаш заедно со службата за брза помош. Набрзо потоа беа пријавени уште неколку напади со нож во областа – соопшти полицијата на Твитер.

– Свесни сме дека повеќе луѓе се повредени, но во овој момент не можеме да кажеме колкава или каква е сериозноста на повредите – се вели во твитот.

Нема информации ниту за позадината на овие напади, ниту за идентитетот на сторителите.

Полицијата ги повика граѓаните да бидат смирени и внимателни и да се држат настрана од областа на нападот.