Неколку лица се повредени синоќа во напад со нож во западниот германски град Оберхаузен, јавуваат германските медиуми. Осомничениот е уапсен, пренесува „Ројтерс“.

Германскиот протал „ВАЗ“ наведува дека повредените се во критична состојба и се на интензивна нега. Напаѓачот е повреден и хоспитализиран.

Портпаролот на полицијата, Кристоф Викхорст, не даде информации за мотивите на злосторството. Тој потврди дека повредените во нападот имале рани од нож. Полицијата во Оберхаузен побара помош од колегите од Есен за да се обезбеди местото на злосторството. Истрагата е во тек.