На поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, наводно, му е одземено личното обезбедување, исто како и на поранешниот премиер Абдула Абдула, кој е на чело на високиот совет за национално помирување. Дел од светските медиуми пренесуваат и дека Карзаи е уапсен, но сѐ уште нема официјална потврда на ваквите информации.

Талибанците во понеделникот го конфискуваа оружјето од придружбата на Карзаи и му ги конфискуваа возилата, поради што поранешниот претседател се здружи со својот некогашен ривал на претседателските избори во 2014 година, објави „Си-ен-ен“. Талибанците ги запленија и автомобилите на политичарите кои во моментов се на милост и немилост на движењето, додаваат медиумите.