Безос (втор од десно кон лево) заедно со екипажот на „Њу Шепард“

Успехот на неодамнешната вселенска мисија на Џеф Безос предизвика лош публицитет за индустријата на вселенскиот туризам поради негативните реакции во јавноста поттикнати од неговото богатство и неодамнешното известување за лошиот третман на вработените во неговата компанија „Амазон“, пишува „Кварц“.

Дел од критичарите имаат и погрешна претстава за вселенските истражувања, мислејќи дека претходните успеси на Американската вселенска агенција (НАСА) не ги вклучувале приватните компании, или пак дека луѓето како што се Безос и неговите конкуренти на полето на т.н. вселенски туризам, Ричард Брансон и Илон Маск, влијаат врз работата на НАСА. Реалноста е поинаква. Безос и Брансон всушност немаа големо влијание врз НАСА, додека компанијата „Спејс екс“ на Макс и заштеди милијарди на агенцијата.

Проблемот делумно се должи на известувањето на медиумите кои ја пренагласија важноста од проектите на Брансон и на Безос. А вниманието насочено кон Безос и кон неговото семејство при лансирањето на леталото „Њу Шепард“, го засенија успехот на мисијата на неговата компанија „Блу Ориџин“.

Долгорочното значење на летот на „Блу Шепард“ ќе зависи од лекциите што ќе ги извлече „Блу Ориџин“, но пренагласеното следење на вселенскиот туризам го засега оттргнува внииманието од успехот на истражувањата.