Неексплодирана бомба од Втората светска војна е пронајдена на берлинскиот аеродром „Шенефелд“. Експлозивната направа утринава успешно е деактивирана.

– За време на операцијата во раните утрински часови, немаше никакви компликации – соопштиле од полицијата.

Сообраќајот на аеродромот вчера беше во прекин околу еден час. Бомбата била откриена околу 12:20 часот, за време на градежни активности во близина на пистата.