Циклонот Кенет пристигна во северниот дел на Мозамбик, земја која уште се обидува да се опорави од минатомесечниот циклон Идаи, кој предизвика голема временска и хуманитарна непогода.

Според Би-би-си, новиот циклон донел ветришта со брзина од 220 километри на час, поради кои загинаа три лица на островот Коморос.

Националниот институт за менаџмент на катастрофи на Мозамбик објави дека 30 илјади луѓе се евакуирани од локации за кои постои можност да бидат на патот на новиот циклон Кенет.

Минатиот месец, циклонот Идаи предизвика стотина смртни случаи во овој дел на Африка. Во регионот, поточно во Мозамбик, Малави и Зимбабве поради оваа природна непогода загинаа повеќе од 900 лица.