Обилни дождови ги поплавија улиците во Сиднеј и предизвикаа прекини во сообраќајот.

Досега поради невремето повеќе од 8.000 домови останале без струја, соопшти најголемата електромрежа во Австралија, Аусгрид.

На патиштата се создал вистински хаос, а од надојдената вода биле евакуирани најмалку петмина возачи.

Во исто време, поради шумски пожари предизвикани од топлинскиот бран во државата Квинсленд, стотици луѓе морале да се евакуираат од своите домови, уништени се најмалку четири куќи и голема шумска површина.

Стотици пожарникари се во состојба на зголемена готовност поради очекуваните 40 степени Целзиусови и ветровите кои дуваат со 40 километри на час.