Улиците и метро-станиците во Киев се преплавени со вода поради силниот дожд, градот е заглавен во сообраќаен метеж.

Нема извештаи за жртви, а според снимките, реки течат во тунелите на метрото.

Операторот на подземната железница во Киев објави дека се затворени станиците во кои продрела вода, пренесува „Укринформ“.

Во поплавите што погодија делови од Западна Европа загинаа најмалку 189 лица, а стотици се водат за исчезнати.

Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична енергија и вода за пиење.

Федералните и провинциските влади во Германија ја проценуваат штетата на неколку милијарди евра.