Силната бура, која зафати голем дел од Франција, продолжи и денеска, а во поплавите загинаа уште две лица.

Откако вчера 37-годишен маж се удави во својот автомобил, денеска 90-годишна жена почина во Монморијон од срцева слабост, најверојатно додека се обидувала да ја исфрли водата од поплавената куќа. Телото на една 80-годишна жена беше пронајдено во надојдена река во област која беше зафатена од поројни дождови.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи во текот на последните 12 дена поради лошото време спасувачките служби одговориле на вкупно 7.900 повици за помош во целата земја.