Двајца белгиски полицајци денеска се повредени кога невнимателен возач предизвика инцидент во конвојот со британската премиерка Тереза Меј и нејзиниот белгиски колега Шарл Мишел.

Автомобилот се удрил во колоната возила во Белгија во која биле двајцата државници, а кои оделе на комеморативен собир по повод годишнината од Првата светска војна.

Повредените полицајци се превезени во болница, а конвојот продолжил до крајната дестинација.