Фото: Илустрација

Во акциите за сузбивање на дрога, која безбедносните сили на Филипини ја организираа од 1 јули 2016 година, се убиени речиси 5.000 луѓе.

Локални медиуми, повикувајќи се на податоци од владата, објавија дека од 1 јули 2016 година, во текот на борбата против шверцот на наркотици, филипинската полиција и армијата организирале повеќе од 108.000 акции.

Во акциите се убиени најмалку 4.948 осомничени лица, а смртно настрадаа повеќе од 80 припадници на безбедносните сили.

Во истиот период, повеќе од 152.000 лица биле уапсени, вклучително и најмалку 500 државни службеници.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, кој на чело на државата дојде на 30 јуни 2016 година, вети дека за време на мандатот ќе се фокусира на борбата против наркотици и корупцијата.

Владата на Дутерте мета е на остри критики на филипинските, но, исто така, и на странски организации за човекови права.

Организациите сметаат дека Владата на Филипините врши злосторство против човештвото.