Северна Кореја во изминативе неколку дена повторно се најде во центарот на светското внимание, но секако, како по обичај, поради погрешни причини. Северна Кореја повторно докажа дека воопшто не води сметка и не се грижи за благосостојбата, мирот и стабилноста во регионот и земјите кои ја опкружуваат, пишува професорот Роберт Кели во неговата колумна за „Ченлњуз Азија“. 

Ваквата постојана неискреност е главната причина зошто светот останува толку скептичен кога станува збор за Северна Кореја, а изгледа дека нема доволен број на состаноци и средби со претседателите на Јужна Кореја и САД кои ќе го сменат тоа. Таа не може да излезе од „намерната самоизолација“ сѐ додека не одлучи самата да се однесува подобро. Довербата едноставно не е присутна, без разлика колку заеднички изјави тие потпишуваат. На Северна Кореја, едноставно, не ѝ е гајле за ништо. 

Од друга страна, можеби Ким Јонг-ун сепак има разработен план за сукцесија, можеби ги предвидел овие проблеми и едноставно поставил пат по кој ќе се одвиваат работите. Проблемот е во тоа што никој не може со сигурност да знае. Друг проблем е тоа што Северна Кореја не може да прифати дека живее во социјален свет, во кој и другите држави имаат и се соочуваат со значајни безбедносни проблеми, поради кои дури и најмалата пукнатима може да ја разниша состојбата во регионот. 

Иронично, токму транспарентноста на Ким можеше да го смири сиот напнат хаос изминатиов период, а да ги оттргне и погледите на будните очи кои постојано ја набљудуваа ситуацијата во земјата, со кратко видео на кое тој, на пример, едноставно оди и се релаксира на прошетка. 

Накратко речено, за добро однесување се потребни малку труд и трошоци, а придобивките се големи, но изгледа Пјонгјанг никогаш нема да го направи тоа. Тие едноставно не се грижат за ништо и не им е гајле. 

Инцидентот со неодамнешното истрелување на ракети претставува слична ситуација. Истрелувањето било нарачано од локален севернокорејски командант, кој оттогаш е дисциплиниран. Северна Кореја можеше да биде достојна и да признае за настанот, па дури и официјално да се извини. 

Благото понижување од тоа би можело лесно да се надмине со придобивките од довербата и одговорноста со мирот во Сеул, кој очајно сака да постигне договор со Северна Кореја. И во оваа ситуација, искреноста и транспарентноста би биле позитивни за Северот. Но тие нема да го сторат тоа. 

Едноставно Северна Кореја не се грижи за регионот и неговата благосостојба. 

Ова однесување, ова одбивање да се признае дека Северна Кореја е дел од останатиот социјален свет, како и фактот дека таа не е сама и не може да прави што сака, како и тоа дека создава непотребни безбедносни кризи за другите земји во регионот е причина за нејзината длабока изолација. 

Доколку Северна Кореја не покаже некои основни иницијативи за создавање на социјален однос и не следи едноставни правила за градење на меѓусебна доверба, каков било договор со неа би бил изложен на голем ризик, а сите засегнати земји ќе инсистираат дека на Северот не може да му се верува.