Најновите истражувања откриваат дека не постои ризик за пренос на ХИВ-вирусот преку сексуален контакт помеѓу хомосексуалните двојки, доколку вирусот е целосно потиснат со антиретровирални лекови, што би можело да претставува значителен чекор кон пронаоѓање на лек за болеста позната како чума на 21-от век, пренесуваат британските медиуми.

Истражувањата во кои учествувале повеќе од 1.000 хомосексуални двојки низ Европа од кои што еден од партнерите бил ХИВ позитивен и примал антиретровирална терапија, не наишле на случај на пренос на вирусот во период од осум години.

Истражувањата покажале дека употребата на антиретровирална терапија за борба против СИДА, на некој начин, значи и дека вирусот не може да се пренесе преку сексуален контакт, велат истражувачите.

Откритијата од ова истражување им даваат надеж на научниците дека преку спречување на ширењето на ХИВ со помош на терапија, еден ден вирусот ќе може да биде искоренет.