Преговорите меѓу републиканците и демократите во Конгресот на САД околу прашањето за пограничната безбедност не доведоа до напредок, поради што постои опасност од нова блокада на американската Администрација.

Како што соопшти републиканскиот сенатор Ричард Шелби, преговорите се во застој, поради неосгласувања околу „политиката на притворање на илегалните мигранти“. Тој сепак, во ијзава за „Фок њуз“, изрази надеж дека „преговарачите набрзо ќе се вратат на преговарачката маса“.

Главен проблем околу „пограничната безбедност“ е издвојувањето на средства од Биџетот на САД за изградба на ѕид на границата со Мексико, на што инсистира американскиот претседател Доналд Трамп, а на што се противат демократите.

Вршителот на должноста шеф на персоналот на Белата куќа, Мик Малвејни изјави дека не е исклучена можност од нова блокада на федералната Влада, доколку не биде постигнат договор околу спорните прашања.

Од друга страна, демократскиот сенатор Џон Тестер изјави дека преговорите не одат лесно, но изрази надеж дека има 50-50 отсто шанси за постигнување договор до денеска.

Сенаторите се надеваат дека ќе постигнат договр во текот на денот, со цел Законот за Буџет да биде усвоен од Конгресот и ратификуван од Трамп најдоцна до 15 февруари, кога истекува рокот за времено финансисрање на владаините институции.

Временото финансирање на Администрацијата во рок од три недели, беше одобрено од страна на Трамп на 25 јанури, со идеја  најдоцна до 15 февруари да се постигне конечен договор за безбедноста на границата.