Претседателот на Венецуела Николас Мадуро беше во Кохедес за да ги проследи вежбите на неговата армија, кои според него покажуваат колку воено е спремна Венецуела за одбрана на потенцијални американски напади

Хеликоптер на венецуелската армија вчера се сруши во близина на Каракас, несреќа во која загинаа сите седум членови на посадата, информираа од Министерството за одбрана на Венецуела, а пренесува „Гардијан“.

Планирано било армискиот хеликоптер да лета од главниот град Каракас до Кохедес кога се срушил, стои во изјавата на надлежните, додавајќи дека властите ја истражуваат причината за падот.

Претседателот Николас Мадуро вчера беше токму во Кохедес за да ги проследи серијата на армиски вежби. Тој преку говори на телевизија, рече дека токму овие вежби ја демонстираат воената подготвеност на Венецуела проти, како што потенцираше, заканата од САД.

Мадуро ги обвини САД за обиди за организација на пуч против него и неговата власт со поддршката за Хуан Гваидо, кој го прогласи претседателот за нелегитимен и се прогласи за привремен лидер на земјата.

– Длабоко жалам за инцидентот и изразувам искрено сочуство до блиските и пријателите на загинатите – напиша Мадуро на Твитер по несреќата.