Украинските власти му забранија на новинарот на австриската државна телевизија ОРФ, Кристијан Вершиц влез во Украина.

За шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел тоа е „неприфатлив акт на цензура“ и побара од украинските власти укинување на забраната.

Според Украинската разузнавачка служба (СБУ) Вершиц илегално ја преминал украинската граница, додека властите во Киев го обвинуваат за антиукраинска кампања.

И генералниот директор на ОРФ, Александер Врабец протестираше поради одлуката на украинските власти.

– Забрана за влез во земја врз основа на апсурдни обвиненија против Вершиц претставува неприфатливо попречување на новинарската работа- истакна Врабец.