Милиони луѓе во Сирија и Ирак се во опасност да останат без вода, електрична енергија и храна поради зголемените температури и рекордно ниското ниво на вода.

На двете соседни земји, погодени од долгогодишни конфликти и лошо управување, им треба брза акција за борба против сериозниот недостиг на вода, соопштија меѓународните хуманитарни организации.

Сушата го нарушува и снабдувањето со електрична енергија, бидејќи ниското ниво на вода влијае на браните, кои, пак, влијаат врз основната инфраструктура.

Повеќе од 12 милиони луѓе во двете земји се погодени, вклучително и пет милиони луѓе во Сирија кои се директно зависни од реката Еуфрат.

Во Ирак, неможноста за пристап до вода од Еуфрат и Тигар се заканува на најмалку 7 милиони луѓе. Околу 400 квадратни километри земјоделско земјиште е погодено од суша.

Сериозен недостиг на вода го погоди и Либан, кој западна во најлошата економска и финансиска криза во неговата модерна историја, каде што се загрозени повеќе од 4 милиони луѓе. УНИЦЕФ побара итно обновување на снабдувањето со електрична енергија за да може да работи системот за водоснабдување.