На имот во руралното подрачје на австралискиот град Осмингтон пронајдени се седум тела со прострелни рани. Меѓу убиените четири се деца и тројца возрасни.

Полицијата не соопшти повеќе детали освен дека на местото на инцидентот пронајдено е оружје.

Телата на двајца возрасни пронајдени се надвор од куќата. Се претпоставува дека убиените живееле на имотот и оти се во семејна врска.

Осмингтон е град во западна Австралија, оддалечен околу 280 километри од Перт.

Ако се потврди дека е масовно убиство, тоа ќе биде втор таков случај во Австралија по масакрот во Тасманија, кога во 1996 година беа убиени 35 луѓе.