Припадник на забранета британска неонацистичка група е осуден пред британскиот суд на доживотен затвор, објави агенцијата АП.

Осудениот, Џек Реншав, се изјасни како виновен за купување на мачета со намера да ја убие пратеничката на лабуристичката партија Роузи Коспер, како и поради закана дека ќе убие полицаец.

-Ова е случај во кој само казна на доживотен затвор може да ја задоволи сериозноста на вашето дело, рече судијката од Врховниот суд, Маура Мекгован.

Пратеничката Купер смета дека правдата е задоволна, не само поради неа лично, туку како што истакна, поради безбедноста на секој државен службеник и поради демократскиот начин на живот кој овозможува слобода на говорот без страв од одмазда.