Петмесечниот период од април до август оваа година ќе биде најтопол и најсушен период за Германија откако се следат временските состојби од 1881 година.

Летни услови се забележани ширум Германија од април, па стручњаците до крајот на август ќе видат дали овие услови достигнале рекорди, вели портпаролот на германската агенција за метеорологија.

– Забележан е тренд што води во таа насока – додаде портпаролот.

Сепак, со пониските температури кои се очекуваат кон крајот на месецот, температурите забележани во летните месеци, од јуни до август, се чини дека нема да биде соборен рекордот од таканареченото „лето на векот“ од 2003 година, напоменуват од агенцијата.

Долготрајната суша ширум Германија, благодарејќи на недостигопт на врнежи, ги загрижи земјоделците ширум земјата, па многумина се жалат на неуспешна сеидба и пријавуваат штети со милијарди евра.