На јапонскиот крузер „Дајмонд принцес“ вкупно 130 лица се заразени со коронавирус. Бродот на почетокот на овој месец беше ставен во карантин во јапонското пристаниште Јокохама откако беше откриен еден случај на вирусот. На бродот има тројца македонски државјани.

На крузерот има околу 2.750 патици и 1.100 членови на екипажот и вработени. На патниците им е дозволено на смени да излегуваат на палубите за да земаат свеж воздух и задолжително редовно мора да мерат температура.

Од коронавирусот досега починаа најмалку 908 луѓе, претежно во провинцијата Хубеи, во Кина, а заразени се над 40.000 луѓе.