Авион на пакистанската компанија „ПИА“ денеска слета на аеродромот во Кабул. Ова е првиот меѓународен комерцијален лет што пристигна во Авганистан од 15 август, кога талибанците ја презедоа власта во земјата, јави новинската агенција „АФП“.

Авион на „ПИА“ превезуваше само мал број патници, но тој сепак претставува еден од првите знаци за нормализација на земјата и нејзиниот главен меѓународен аеродром, кој кон крајот на август беше местото на бегството на неколку илјади Авганистанци од екстремното исламско движење.

– Во авионот имаше околу десетина лица, можеби повеќе членови на екипажот отколку патници – изјави новинар на „АФП“.