Неколку патници се повредени кога на авион на „Јунајтед ерлајнс“ му експлодирале гумите при слетувањето на аеродромот во Њујорк, во американската сојузна држава Њу Џерси.

Авионот на летот 627 од Денвер со 166 патници, по експлозијата на гумите се излизга на пистата додека не застана, пренесе агенцијата AP.

Во тек е истрага за причината на инцидентот.