Претседателот на Израел Рувен Ривлин денеска му наложи на актуелниот премиер на Израел Бенјамин Нетанјаху во рок од 42 дена да формира влада и со тоа, по петти пат да биде претседател на владата.

Со оглед на тоа дека партијата на Нетанјаху „Ликуд“ освои доволен број места во парламентот, беше очекувано дека тој ќе го добие мандатот за состав на нова влада.

Во следните недели Нетанјаху ќе разговара со своите коалициски партнери за состав на влада и распределба на функции.

Нетанјаху, заедно со своите коалициски партнери има поддршка од 65 од вкупно 120 пратеници во Кнесетот.