Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, изјави дека на листата набљудувани терористи во Франција има најмалку 851 нелегален мигрант, од кои 231 се од висок ризик за безбедноста на Франција и треба да бидат депортирани. Најмалку 180 од нив во моментов се во француски притвор, пренесува „Л’Експрес“.

Од 4.111 странци кои се наоѓаат во Досието за пријавување за спречување на радикализација од терористички карактер (FSPRT), 851 се нелегални мигранти. Од нив, само 428 се депортирани од земјата.

Според Дарманин, Франција не е во можност да депортира некои од овие мигранти, бидејќи меѓународните конвенции го спречуваат тоа зашто нивните матични нации, како Либија, се сметаат за нестабилни региони.

– Додека во Франција има 300.000 нелегални мигранти, што е најчеста проценка, но веројатно и пониска од реалната, 231 обележани за радикализација, претставуваат процент од 1 на 1.300. Ова не е безначајно, но ја поништува идејата дека постои нераскинлива врска помеѓу незаконската миграција и радикализацијата – за податоците рече Франсоа Еран, демограф и раководител на Кабинетот за миграции на Колеж де Франс. 

Тој посочи дека е потешко да се вклучат во заканата за радикализам од оние родени во Франција. Ова не е прв пат за миграцијата да се дискутира во контекст на радикалниот исламски екстремизам. Во екот на мигрантската криза, беше објавено дека Исламска држава испратила свои припадници со бранот азиланти. Во 2018 година, сириски барател на азил беше уапсен за терористички заговор во Хамбург, а подоцна призна дека терористичката група го испратила во Европа како бегалец.

Дваесет и седумгодишниот Мохамед А., пред германскиот суд изјави дека терористичката група му заповедала да се инфилтрира во мигрантскиот бран и да чека во Германија за наредби. Наводно групата му дала и фалсификуван пасош и 1.500 долари во готово.