Најмалку 59 лица загинаа, а 25 се водат како исчезнати во лизгањето на земјиште и поплавите што ја погодија индонезиската покраина Јужен Сулавези, објави денеска индонезиската агенција за управување со катастрофи.

Поплавите погодиле најмалку 100 села во таа провинција. Под вода се наоѓаат речиси 5.000 домови и 12.000 хектари оризови полиња, а раселени се околу 3.500 лица.

Лизгања на земјиште и поплави се честа појава во Индонезија за време на дождовниот период, за кој се очекува врвот да го достигне овој и следниот месец.