Командата на војската на САД за Африка соопшти дека извршила воздушен напад во близина на сомалискиот град Џилиба, при што се убиени 52 екстремисти од Ал Шабаб.

Под контрола на Ал Шабаб се руралните јужни и централни делови на Сомалија. Но, групата често извршува напади во главниот град на Сомалија, Могадишу и на други места.

Ал Шабаб презеде одговорност и за нападот врз луксузниот хотелски комплекс во главниот град на Кенија, Најроби при што загинаа најмалку 21 лице.