Во напади во Идлиб загинаа најмалку 43 луѓе, а ранети се повеќе од 100 лица, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон.

Триесет и седум цивили загинале во нападите во кои е погоден пазар и области во градот Марет-ал-Нуман во провинцијата Идлиб, а шест во воздушни напади во соседниот град Саркиб.

Сириската организација за човекови права соопшти дека најверојатно руски или сириски авиони ги извршиле нападите. Руското Министерство за одбрана демантираше дека нивни авиони ги извршиле нападите.