Најмалку 39 лица се убиени, од кои најголем дел деца, во напад извршен во Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Во нападот е погоден училишен автобус во северниот дел на Јемен, изјави официјален претставник на здравствените работници.