Триесет и шест лица загинаа, а деветмина се тешко повредени во судир меѓу автобус и камион во кинеската провинција Џијангсу, соопшти локалната полиција.

Несреќата се случила кога автобусот преминал на спротивна лента и удрил во камионот, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Според првичните извештаи, на автобусот му пукнала гума поради што возачот загубил контрола и возилото преминало во спротивната лента.