Околу 312 луѓе се повредени, од кои петмина потешко, при уривање на дрвена платформа на фестивал во северозападниот дел на Шпанија, јавуваат шпанските медиуми.

Нема информации за човечки жртви, а радиото Галега јави дека 312 луѓе се повредени на фестивалот во Виго, град во покраината Галиција.

Градоначалникот на Виго Абел Кабалеро рече дека платформата која била 30 метри долга и 10 метри широка, се урнала синоќа нешто пред полноќ.